Викингшки дневник бр.39 – Догледање Давид Кортез и Мишел Рамизо
Ова крстарење беше повторно 12 дена ама сега од Рејкјавик кон Берген. На крај имаше голема ротација на вработените од кои за мене најбитни беа мојот менаџер Давид и мојата сестра Бактерија, Мишел. Од портови, излегов само во три порта, најчесто поради лошо време и еднаш поради ИПМ. Па да почнам со ред. На почеток на крстарењето мошне интересен беше гостинот забавувач, Адам Џонсон, дојде облечен како Елтон Џон и свиреше пијано, пееше и беше одличен. Бев и на двата негови настапи во театарот. Прво пристаниште во кое излегов беше Торсхавн на Фарските Острови. Овој пат пред да излезам направив нацрт план и го следев. Прво место каде што отидов беше малиот трговски центар блиску до стадионот. Трговскиот центар е на приземје и кат. Има една голема спортска продавница и во неа се продаваше дресот од ракометната репрезентација на Фарските Острови, и се мислев да го купам, го имаше и во сина и бела варијанта, ама после ми текна дека и македонскиот дрес што го имав не го носев често па решив...





